fbpx
ВестиТоп вести

Време е за планирање  насади со оревот Чендлер

 

Садниците може да се садат во  есен се додека тоа го дозволуваат временските услови,  само да не е почвата замрзната. Садењето исто така може да се направи и   во пролет, во период пред да настапи вегетацијата.

 

Стручните лица препорачуваат подигнувањето да се врши на есен, бидејќи на тој начин се овозможува подобар развој на кореновиот ситем.

До редакцијата на Зелена берза беа доставени низа прашања поврзани со оревите, посебно сортата чендлер. На неколку наврати сме пишувале за оревите , но овој пат ви споделуваме искуство на неготинчанецот  Никола Димовски.

 

Како што не информираше, веќе четири години аматерски се занимава со производство на садници  од орев. Размислува целата работа со производството на садници од  ореви да ја преточи во бизнис идеја, но заради низа технички проблеми, бизнисот засега е само идеја. Но затоа пак на сите оние кои што се заинтересирани за одгледување на ореви  ги снабдува со садници и им помага со практични совети,  не само за садењето туку и околу кроењето  и оформувањето на круната на садницата и сите оние пропратни работи што се неопходни околу одгледувањето на оревите. Особено важно е кроењето во првите три години, посочува Димовски.

 

Од сортата чендлер, од една садница кога ќе го достигне оптималниот раст може да се добијат 50 кг орев. Во Македонија и покрај тоа што има голем број на производители на орев, сепак  нема организиран откуп, а побарувачка има. Во соседна Србија  оревот достигна цена по 10 евра/кг.

 

Како што вели Димовски, тој е единствениот во Македонија што произведува    калемени садници , што е многу важно во одгледувањето на ореви бидејќи не се потребни дополнителни садници што го помагаат самото опрашување на садниците. Цената на садниците се движи од 400 – 500 ден во зависност од бројот на садниците.

 

Димовски  посочува уште една сорта орев, сортата „пекан“, која исто така е многу квалитетна  и  достигнува цена  од 40 евра/кг.

 

Покрај за плод оревите се многу погодни  и за техничко дрво. Во тој случај се садат погусто . За разлика од другите видови на овошје, оревите немаат многу барања и најважно е наводнувањето при што не се потребни никакви третирања .

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close