„Бучен Козјак“ со нов дизајн за амбалажата
Една од најстарите млекарници во Македонија, позната по извонредниот квалитет и уникатниот вкус на своите млечни производи со цел да се доближи уште повеќе до своите купувачи го редизајнираше корпоративниот идентитет и поголемиот дел од своите производи: јогурт, свежо млеко, кисело млеко и сурутка. Производите со новиот изглед веќе се достапни на полиците на маркетите.
Млекарницата, која е позната по силната традиција и фамилијарност кои ги носи во основата на своите вредности, се одлучи за овој радикален редизајн од повеќе причини:задржување и зголемено приближување кон своите купувачи; одговор на естетските преференции на помладите генерации; следење на трендовите на светскиот дизајн на млеко и млечни производи; поместување на стандардите за дизајн на македонските млечни производи.
Чистиот, минималистички и строг дизајн се одлика на зрелоста и јасната визија на млекарницата. А пак, храбрата различност што продуктите на Бучек Козјак ќе ја носат на полица преку новиот дизајн на амбалажата е одлика на врвниот квалитет и технологија на производство.
На процесот на редизајн на Бучен Козјак им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производствениот процес и контрола, кои производите ги доведоа до највисок квалитет.
-Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно но и претпазливо, со намера да ја пренесеме јасно пораката до нашите корисници дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во склад со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите – изјави Анита Спасовска, генерален директор на Бучен Козјак.
Редизајнирањето на Бучен Козјак е доказ за високите естетски вредности на македонските производители, што пак се производ од примената на високи стандарди на млекарницата во своето работење и на индустријата воопшто.
Оваа промена е симптом на развој кај домашните производители, кои се назначајни чинители за економскиот раст на државата и носат оптимизам и прогрес како во индустриската гранка, така и во општеството. А пак купувачите и љубителите на млечни продукти, ќе уживаат дополнително во совршено редизајнираните вкусни продукти на млекарницата.