Од детергент до храна, помалку квалитет за Источна Европа
Европскиот парламент го изгласа извештајот за различниот квалитет на производите за источните и западните пазари со големо мнозинство од 464 гласа „за“.
Во Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент ова вклучува промена во Директивата за неправедни трговски практики, но и формирање посебно европско тело што ќе се занимава со дополнително регулирање и контрола на пазарите.
Истражувањата покажаа дека навидум исти производи со понизок квалитет често се пласираат во земјите од Источна Европа. Станува збор за различни производи, од детергенти до храна за деца, кои биле со полош квалитет и помалку здрави, а се продаваат по повисоки цени од оние кои се продаваат на Западот.
Хрватската европратеничка и известувач за различен квалитет на прехранбени производи, Билјана Борозан, докажа дека во Хрватска се продавала храна за бебиња „Хип“ со понизок квалитет од онаа на западниот пазар, по што овој познат производител ги повлече овие производи и го изедначи квалитетот на детската храна.