Последниот Ел Нињо се случил на преминот од 2015 во 2016 година и влијаел на временските услови, низ целиот свет. Инаку, се појавува секои пет до седум години, но поради климатските промени, таквата динамика е забрзана.
Според проценките на Светската метереолошка организација (WMO), до крајот на оваа година, постојат 70% шанси да се повтори Ел Нињо, пишува BBC.
За потсетување, последниот Ел Нињо, се случил на преминот од 2015 во 2016 година и влијаел на временските услови низ целиот свет. Всушност, се работи за природна метереолошка појава, поврзана со промена на климата во тропските предели. Инаку, Ел Нињо, на шпански значи мало момче, мал Исус, а таквиот назив го добил, затоа што секогаш се појавува околу Божиќ.
Аномалии во температурата на океанската вода
Истражувачите велат, дека не очекуваат овој Ел Нињо, да биде толку интензивен како претходниот, после кој, 2016 година влегла во книгата на рекорди, како најтопла година. Тогаш е забележана и голема суша во Африка, а поплави низ Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Ел Нињо е појава, која настанува во неправилно растојание од 5 до 7 години, како аномалија во температурата на океанската вода ( за 2°C до 8°C потопла) и во струењето на ветровите на делот од Тихиот Океан, западно од брегот на Чиле и Перу. Според досегашните истражувања, Ел Нињо, најверојатно постои од крајот на последната ледена доба. Но, временското растојание помеѓу овие појави се намалило, а научниците сметаат, дека на тоа влијаат климатските промени.
„Во WMO очекуваме дека овогодинешниот Ел Нињо ќе биде послаб, отколку оној пред три години, но и понатаму ќе има значително влијание. Прогнозирањето на овие случувања ќе спаси многу животи и ќе намали значителни економски губитоци“, изјавил, Петери Талас, главен секретар на WMO.
Ла Ниња – поладна вода на Пацификот
Оваа година, започна со појава спротивна од Ел Ниња, таканаречената фаза Ла Ниња (мало девојче). Водата на Пацификот, тогаш била поладна отколку вообичаено. Инаку, за време на оваа појава, водата околу Индонезија е потопла од вообичаено, што предизвикува силни бури и поплави, додека во други делови на светот, предизвикува суши.
Валентина Соколовска
за Зелена берза