fbpx
ВестиТоп вести

Министерот за земјоделство Николовски  ја посети „Зелена берза“ во Битола

 

 

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски  посетата во Битола ја искористи за да ја посети редакцијата на „Зелена берза“ во Битола. Министерот  Николовски имаше можност да се запознае со работата на „Зелена берза“ при што му беше врачено најновото печатено издание на списанието. „Зелена берза“ ги следи случувањата во земјоделството и изворно ги информира земјоделците и пошироката јавност за сите случувања во оваа сфера.  Министерот Николовски ја поздрави работата на „Зелена берза“ и и’ посака успешна работа на редакцијата.

 

Министерот Љупчо Николовски ги образложи тековните активности во однос на исплатата на субвенциите, помошта која им се дава особено на младите земјоделци, но и можноста да се искористат европските средства уште повеќе во иднина.

Близу 150 милиони денари ќе исплати Агенцијата за финансиска поддршка  во земјоделството и руралниот развој на име субвенции за трета фаза за литар предадено млеко, соопшти министерот  Љупчо Николовски . Оваа сума ќе биде исплатена  на над 6 700 фармери со што ќе се заокружи исплатата за сите фази по основ на оредадено млеко.

„Денес започна исплатата на третата фаза преку Платежната агенција за предадено млеко на сточарите во вредност од над 150 милиони денари, со кои се заокружува исплатата на субвенции во делот кој го опфаќа млекото. За прв пат распишавме и во тек е склучување на договори за земјоделска земја наменета за производство на сточна храна, а на овој прв оглас има голем број апликанти. Преку програмата за директна поддршка ставивме акцент на сточарите, односно фармерите кои имаат директен развоен потенцијал. Вчера го објавивме огласот за млади земјоделци преку платежната агенција, а минатата година беа склучени 424 договори за неповратен грант од 10.000 евра. Годинава имаме нови критериуми, согласно бодувањето, дополнителни бодови се добиваат доколку се занимаваат со сточарство, односно доколку станува збор за набавка на добиток“, изјави Николовски по средбата со градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close