fbpx
Вести

Земјоделците бараат полесни процедури за аплицирање за парите од ИПАРД

Земјоделците бараат олеснувања при аплицирањето за ЕУ фонфовите и помош од страна на надлежните органи при доставувањето на документите. Велат дека голем број земјоделци ги немаат искористенио овие фондови од причина што не знаат како се аплицира или пак е потребно собирање на огромна документација, за кое што тие немаат време.

„Да нема многу трчање во однос на документите бидејќи голем дел на земјоделци не поддаваат апликации бидејќи имаат траума од тоа дали документите ќе бидат во ред, што ќе се случува и слично“, вели Благоја Наумоски, земјоделец.

„Многу е важно во текот на птроцесот да има помош, во секоја стапка, во сите чекори до реализацијата на инвестицијата“, рече Дејан Јовески, земјоделец.

Во Прилеп денеска се одржа трибина „Зачекори напред! Изборот е твој“ за придобивките и предизвиците од ЕУ ориентираното земјоделство, организирана од Рурална Коалиција, како една од 10–те граѓанските организации носители на кампањата, на која меѓу другото беше разговарано и за овие ЕУ фодови.

„Само за 2019 година од ИПА програмата се веќе одобрени дополнителни 15 милиони евра, секако тука влијае и ИПАРД програмата, во октомври се очекува од ИПАРД-2 нов повик кој ќе се објави. Таму имаме на располагање 60 милиони евра. Уште 36 милиони евра се од структурните фондови“, кажа Лилјана Јоноски, извршен директор на „Рурална коалиција“.

Овие фондови во иднина треба да го направат македонското земјоделство поконкурентно на странските пазари.

 


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close