fbpx
Вести

ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година

Јавен конкурс за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2018 година


 IОПШТИ ОДРЕДБИ

Зачувување на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот е регулирано согласно Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10,  23/13, 149/15 и 39/16).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на учество на јавниот конкурс имаат овластени субјекти од областа на сточарството кои ги исполнуваат општите услови од член 59 став 1 од Законот за сточарството и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за вршење на  одделна јавна услуга заштита на биолошката разновидност во сточарството, начинот на изведувањето и мониторингот на биолошката разновидност во сточарството и зачувувањето на генетската варијабилност и генетските резерви на добитокот („Службен весник на РМ“ бр.151/2010).

Јавниот конкурс за давателот  на јавните услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2018 година трае (5) пет дена од денот на неговото објавување.

IIПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година за 2018 година, согласно видот на јавна услуга.

Документи за превземање

Јавен конкурс

 


 

mzsv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close