Симболично со откинување на првото јаболко на овошните насади на Свислион Ресен се означи почетокот на бербата на јаболката во Преспа. Традиционално бербата на јаболката почнува на верскиот празник Крстовден. На овој чин присуствуваа домаќинот , градоначалникот Живко Гошаревски, министерот за земјоделство Љупчо Николовски , евроамбасадорот Самуел Жбогар како и преставничката на УНДП во Македонија Луиза Винтон.
Присутните гости ги поздрави градоиналчалникот на општина Ресен Живко Гошаревски посакувајќи му на овоштарите бериќетна и успешна берба. Преспанското јаболко е застапено на површина од 4000 ха и се очекува оваа сезона да бидат собрани 150 000 тони од кои 60 000 тони индустриско јаболко.
Министерот Николовски говореше за придобивките од евроатланските интеграции на земјата посочувајќи дека Ресен е лидер во користење на ИПА фондовите во првиот повик.
„Во овој прв повик до денес се склучени рекордни 142 договори во поддршка на механизација, трактори, опрема, преработувачки капацитети.Во натамошниот период , во следната програма за рурален развој за 2019 година ќе дадеме силен поттик на секундарното произвидство, поддршка на преработувачки капацитети“, изјави Николовски.
Николовски соопшти дека поради лошата година за производителите на јаболка и појавата на вишок на род Владата заедно со МЗШВ работи на мерки со кои ќе се овозможи откуп на целата количина индустриско јаболко.
Во рамките на 18-тиот „Преспански јаболкобер“ на градскиот плоштад во Ресен беше организиран саем на земјоделска механизација„Цар Самоил“ има и саем на земјоделска механизација,а беше организирана и ликовна работилница насловена „Јаболко на хартија“ и презентација на традиционална кујна.
Павлина Јовановска
Зелена берза