fbpx
Вести

Ладилно откупен центар на Ледра Агро, инвестиција кофинансирана од ИПАРД

Гевгелија ќе добие најсовремен откупно дистрибутивен центар со ладилник за складирање на свежо овошје и зеленчук.  Проектот во чија што реализација ќе бидат инвестирани околу 85 милиони денари започна да се гради на површина од 2000 метри квадратни  на локацијата наменета за агроберза  кај  селото Негорци. Новиот ладилник  и откупно дистрибутивен центар  е проект на гевгелиската компанија Ледро Агро кој се реализира по пат на кофинансирање со средства од програмата. Изградбата на ладилникот ќе значи многу како за складирање на сопственото производство на компанијата, така и за откупот и дистрибуцијата на голем дел од производството на овошје и зеленчук од гевгелиско струмичкиот регион.

ladilno otkupen centar na ledra agro investicija kofinansirana od ipard

 

-Капацитетот на овој ладилен центар е некаде 3500 тони. Тоа се десет комори,  има плус просторија за сортирање и други пропратни работи што требаат за една комора. Инвестицијата е некаде околу 85 милиони денари со тоа што 50% е кофинансирана од ИПАРД програмата. Средствата што се од оваа програма се доста значајни, без тие средства проектот нема да биде толку издржан, ќе биде исплатата на подолг рок, вели Пејчо Илиев – сопственик на Ледро Агро

Директорката на агензијата за  финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вели дека овој тип на инвестиции се многу значајни бидејќи истите ќе придонесат за поголема апсорпција на фондовите и поголема модернизација на македонското земјоделство.

-Она за што до сега имаше најголем интерес за искористување на ИПАРД програмата беше механизацијата и тракторите, меѓутоа ваков тип на инвестиции е тоа што е потребно на македонското земјоделство за вистинска модернизација и за подигање на стандардите како во производството така и за поттик на поголемо производство и извоз, вели Билјана Вуковиќ – директор на агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Според планираното изградбата на новиот откупно дистрибутивен  центар со ладилник во Гевгелија треба да заврши до средината на јуни оваа година. Неговата финализација ќе овозможи и отварање на околу триесетина нови работни места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close