fbpx
Вести

Во Европа ова чини 7 евра по килограм, а кај нив е џабе

Зоран Стојановиќ од Бериље кај српскиот град Прокупље, на семејниот имот одгледува овошје несвојствено за овие простори, а тоа се бананите, пишува Б92.

Тој е задоволен затоа што оваа година имаше богат род.

„Од две стебла набравме 20 килограми. Тие почнуваат да зрејат од 1 септември до 10 октомври“ – вели Стојановиќ.

Она што тој го има е посебен вид на банани, или добричка банана која потекнува од Канада, а тој ја донел од Италија.

„Она што го има во Европа, сакам да го донесам и кај нас. Во лето бара полевање еднаш неделно, и никакво прскање, никаква друга нега, едноставно е отпорна“ – вели тој.

Во Европа килограм чини 7 евра, а кај Зоран е бесплатно за сите кои сакаат да ги вкусат овие банани.

„Ги пробаа соседите, има вкус на ананас“ – рече Стојановиќ.

Со продавање на садници, овој човек си го дополнува домашниот буџет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close