fbpx
Вести

СРБИН ЗАСАДИЛ РЕТКА ОВОШКА: Од ова заработува одлично

Кинеска урма или јојоба е овошје кое успева во Кина, но му успеало и на Дејан Ковач од Бачки Монштор во Србија.

За три години тој направи бум на пазарот, и она што ќе го произведе луѓето го разграбуваат буквално, пишува Блиц.

Ковач вели дека секој може да успее, ако добор размисли што може да прави до земјиштето кое го има.

Она што не успеал да го направи никој во Војводина и пошироко, му успеало на овој човек.

Верувал дека ќе успее со садење на ова ретко овошје.

Од неколку стотини килограми, производството го зголемил на неколку тони.

„Овошјето го купуваат од сите страни, од цела Србија, Хрватска, Босна. Кога размислував да одгледувам јојоба или кинеска урма, не бев скептичен, а сите околу мене беа скептични и немав поддршка од семејството“ – вели Ковач.

За два години насадот го зголемил за неколку хектари. Ова го направил за да почне со извоз.

 


 

faktor

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close