fbpx
Вести

Штетите од јунското невреме во Радовиш проценети на 1,5 милиони евра

Комисијата за проценка на штети од невремето што го зафати Радовиш на 19 јуни годинава процени штета од 1,5 милиони евра.

– Имаме штети на многу приватни објекти, земјоделски површини, домаќинства и на повеќе компании. Сметам дека комисијата правилно ја има утврдено проценката на штетата, а последиците се големи, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Извештајот за штетата од јунското невреме треба да го разгледа Советот на општина Радовиш на наредната седница и потоа до 15 овој месец да биде доставен до надлежните државни институции.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close