fbpx
ВестиТоп вести

Одбележан Европскиот ден на соработката

 

Општина Новаци како корисник на средства од Интерег Програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2017-2020 во соработка со АПРЗ денеска го одбележаа Европскиот ден на соработката. Двата партнери го реализираат проектот „ Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области Agrowchain“ во соработка со три организации од соседна Грција.

„Дечињата од АПРЗ и ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци денеска во градскиот парк кај Саат кулата Битола твореа и цртаа разни симболи на Европска Унија. Настанот кој заеднички го организиравме беше едукативен, забавен , креативен и инклузивен. Европскиот ден на соработката ги посочува достигнувањата постигнати преку територијалната соработка на илјадници луѓе секога година. На овој начин се зголемува видливоста  и се подигнува јавната свест за Интерег ИПА прекуграничната соработка , транснационалните и интернационалната соработка  и нивните проекти.   “ рече Катерина Чукалевска, соработник за алтернативен туризам и занаетчиство во општина Новаци.

Ова е седма година по ред како се организираат вакви настани по повод Европскиот ден на соработката. Во одбележувањето на Европскиот ден на соработка беа организирани околу 170 локални настани, 50 програми за соработка од околу 35 до 40 земји од Европа, со што беа прославени постигнувањата на европските региони и земјите кои соработуваат преку границите.

„ Со проектот Agrowchain општина Новаци ќе набави механизација за чистење на речните канали и корита, а вегетацијата која ќе се собери ќе се суши и истата ќе се користи за загревање на детската градинка Бамби во Новаци“, велат од општината.

Во моментот во Европската унија се спроведуваат 93 програми за соработка, повеќето од нив се посветени на прекуграничната соработка, на внатрешните граници на ЕУ, како и програми за земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

 

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close