fbpx
Вести

Министерот Николовски доби награда за особен придонес за развој на Крива Паланка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Крива Паланка, присуствуваше на манифестација организирана по повод  8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка. На денешниот ден одбележуваат 74 години од ослободувањето на градот.

Министерот Николовски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, амбасадорката на Украина,  Наталија Задорожњук и претставници од други македонски и странски збратимени општини положија цвеќе на спомен бистата на паднатите борци од Народноослободителна борба.

Со одлука донесена на свечената седница на Советот на Општина Крива Паланка на министерот Николовски му се доделува награда за особени постигнувања и придонес за развој на Крива Паланка, а на амбасадорот на Европската Унија Самоил Жбогар му се доделува награда за почесен граѓанин. Градоначалникот Мицевски на министерот Љупчо Николовски му се заблагодари за големиот придонес во меѓународни и национални рамки и несебичната поддршка за различни проекти од сите области, а кои се важни за развојот на општината.

Во рамки на денешната манифестација се одржа и настанот „Шопска софра“ , поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што се презентираа традиционални јадења од Македонија и од општините збратимени со Крива Паланка, како и традиционални фолклорни носии.


 

faktor

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close