fbpx
Вести

Групацијата на производители на месо бараат заштита на домашното производство

Македонските производители на свинско месо поддржуваат мерката за ослободување од  царина на одредени суровини за производство  на месни производи да продолжи и во наредните шест месеци.

Но, тие бараат да се заштитат и домашните производители  и потрошувачите. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци и на групацијата на производители на месо во земјава, Ефтим Шаклев вели дека имаат неколку барања, а причината за нивното доставување до Владата, како што вели, е што  неколку македонски фирми ја злоупотребуваат оваа мерка на штета на домашните производители на месо.

– Меѓутоа некои од преработувачите не земаат девизи при извозот на своите производи, туку прaват компензации и купуваат свежо свинско месо, што нас навистина тоа не погодува, придонесува да ни се намали цената, како прво и да ни се намали производството. Ние заради одржување на континуитето на производството мора да ги намалиме цените. Имаме најниски цени на свинското месо во последните три до четири години, вели Шаклев.

Тој забележува дека заради ваквите злоупотреби некои прават профит, а други во овој случај домашните производители на месо трпат штети и едвај егзистираат и ги одржуваат своите фарми. Затоа, како што потенцира Шаклев пред да се донесе одлуката за продолжување на мерката за месната индустрија за наредните шест месеци Владата треба да ги разгледа и нивните барања.

– Ние ја молиме Владата да ги разгледа нашите барања, бидејќи мислиме дека се оправдани и воопшто нема да биде погодена месната индустрија. Како прво да нема компензација за свежо свинско месо, што ни смета. Второ што го бараме постојано да се води контрола на свежото свинско месо во продажба, да не е претходно замрзнато. Сега ние како што имаме информации, таа метода е акредитирана и можат слободно инспекторите да ја применуваат. Во угостителските објекти да се декларира какво е месото, дали е замрзнато или свежо, вели Шаклев.

Тој истакна дека на овој начин се измамени и потрошувачите за кавалитетот и за цената на месото, а како групација бараат и во супер маркетите физички да се оддели увозното од македонското месо. На тој начин потрошувачите да знаат какво месо купуваат. Доколку се усвојат барањата на домашните производители на свинско месо, во тој случај тие како групација без двоумење ќе ја поддржат и мерката за ослободување од царина на одредени суровини за месната индустрија да продолжи и во наредните шест месеци. Сметаат дека ефектите за зголемување на производството и на извозот на месни производи е добро, но бараат и заштита на македонското производство на свинско месо.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close