fbpx
Вести

МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ ГО ОБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА ПРЕКУ ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНОСТА И ОДГОВОРНОТО ОДНЕСУВАЊЕ

По повод Светскиот ден на храната, а со цел промоција на хуманоста и зголемување на свеста од потребата за намалувањето на отпадот од храна, на 16.10.2018 година Млекара Здравје организираше повеќе активности за вклучување на младите во општествено добротворни активности.

 

Во Битола, учениците од VIIоддление со својата класна раководителка Сашка Делова од Основното училиште „Гоце Делчев“ учествуваа во приготвувањето на храна со користење на производите на Млекара Здравје и Жито Полог во кујната на Кафе ресторанот Аурум и истата ја донираа во народната кујна Утешител во Битола за лицата на кои им е потребен оброк. Во Скопје, учениците од Гимназијата Нова поддржани од Млекара Здравјеи Жито Полог приготвуваа оброци кои беа донирани во добротворни цели.

 

За промовирање на домашното производство и здравите македонски производи, а истовремено и поддршка на образовниот процес во Македонија, во Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, Млекара Здравје донираше свои производи на учениците кои, исто така го обележаа светскиот ден на храната под мотото „Здраво, домашно, природно“.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close