fbpx
Вести

Николовски: Креираме мерки за развој на лозарството, оваа година постигната повисока откупна цена за грозјето

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, присуствуваа на манифестацијата „Валандовска ракијада“. Оваа манифестација се одржува по 19-ти пат, за прв пат оваа година е поддржана и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Овој настан го симболизира завршувањето на гроздоберот.

Министерот Николовски, ги информираше присутните за сумираните податоци за годинешното откупено грозје, како и за сегашните и идните мерки што ги презема МЗШВ за развој на лозарството.

„Откупени се близу 100 милиони килограми грозје, а се постигна и повисока откупна цена, од кои најголем дел од сортите смедеревка и вранец, но и други сорти. Оваа година се постигна и повисока откупна цена за грозјето. . Конкретно просечната откупна цена на вранецот достигна 13,55 денари за килограм, а на смедеревката 12,28 денари за килограм. Ова е значајно да се потенцира ако ја имаме во предвид и дополнителната нова субвенција што ја донесе Владата за лозарите, како и континуираните мерки што ги преземаме“, изјави Николовски.

МЗШВ континуирано креира мерки и поволни услови за развој на лозарството. Така, со цел зголемување на рентабилноста на производството на двете најзастапени сорти, воведена е нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за смедеревка и вранец. За оваа нова дополнителна субвенција лозарите ќе можат да конкурираат до 25 декември годинава.

Дополнително, со годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции, односно наместо 40.000 денари 48.000 денари по хектар за одржување на насади. За зголемување на конкурентноста и следење на светските трендови, воведена е и нова дополнителна субвенција од 12.000 денари по хектар за реконструкција на лозови насади, за промена на сортиментот.

Во рамките на денешниот настан четериесет производители на ракија ги претставија своите начини и техники за производство на традиционалната македонска ракија. Комисија составена од технолози го избра производителот на најквалитетна ракија, на којшто му беше доделена награда.

 


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close