fbpx
Вести

Пчеларите од Кочанско позадоволни од приносите на мед во споредба со лани

Шест до седум килограми мед по кошница во просек добија годинава пчеларите од кочанскиот регион, со што оценуваат дека сезоната е многу подобра во споредба со лани. Со остварените приноси ќе се задоволи побарувачката на домашникот пазар, а со цената од 400 денари, што ја сметаат за прифатлива за купувачите, ќе можат да се покријат поголем дел од производните трошоци.

На дводневната манифестација Денови на медот, што во организација на еколошкото пчеларско здружение „Златна кошница“ денеска беше отворена во градскиот парк во Кочани, изложени се осоговски, малешевски, плачковички мед и пчелни производи од другите региони во државата.

– Главна цел ни е да го збогатуваме и усовршуваме производството на мед, да ги надградуваме сознанијата кај луѓето за користа од медот и да научиме како да ја чуваме природата. Во манифестацијата вклучуваме различни генерации, со цел пчелните производи да бидат достапни за сите, затоа што славејќи го медот, го славиме трудот, организираноста, заедништвото и здравјето, истакна Тони Димитров, претседател на здружението „Златна кошница“.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, ги истакна активностите на општината за прогласување на Осоговските Планини како заштитено подрачје со можноста едновремено да се работи на зачувување на природата, но и на создавање брендирани производи, меѓу кои е осоговскиот мед.

Пчеларите од кочанскиот регион се задоволни што имаат гарантиран пласман и откуп на произведените количини мед што е со одличен квалитет, иако цените се далеку пониски во однос со оние на пазарот во европските држави.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close