fbpx
ВестиТоп вести

Од јуни првите европски пари за земјоделци од ИПАРД 2

Владата и Европската Унија го ратификуваа договорот за користење на ИПАРД 2 во земјоделството. Според него, од јуни веќе македонските земјоделци ќе можат да ги користат европските пари, при што во следните пет години на располагање им се над 80 милиони евра. Предвидено е според намената секој корисник да може да добие од 10.000 до 4,5 милиони евра во зависност од инвестицијата.

od juni prvite evropski pari za zemjodelci od ipard 2

 

Во Министерството за земјоделство велат дека се воведуваат голем број значителни измени, како што се нови инвестиции за финансиска поддршка, олеснување на постапките за да се стигне до парите, а полесни се и критериумите за добивање финансиска поддршка. Со новата програма има и зголемување на висината и стапката на финансиска поддршка. Европски пари ќе може да земат сите што ќе работат на проекти за заштита на животната средина, здравјето, благосостојбата на животните, безбедност на храната. Потоа кофинансирани ќе бидат и инвестиции кои вклучуваат изградба на објекти, задруги, производство на биогас со арско ѓубриво, изградба на ветерници, сончеви колектори. Kорисникот е должен да го направи проектот или објектот, а потоа се враќа повеќе од половина од вложената сума. Така финансиската поддршка изнесува до 60 отсто од вкупните прифатливи трошоци на инвестициите, со можност таа да се зголеми на 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства на млади земјоделци. Седумдесет отсто од парите ќе бидат вратени ако станува збор за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Според договорот, во растителното производство може да се земат пари за одгледување зеленчук вклучувајќи и компир, а кај повеќегодишните култури ќе се кофинансираат овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрвја и лозја. Во сточарството има можност да се земат пари за набавка на говеда за млечни производи, гоење, потоа во свињарството за свињи кои ќе се користат за репродукција и гоење. Kофинансирани ќе бидат и набавката на овци и кози, живина која ќе се одгледува за производство на месо. Според програмата, може да се добијат повеќе од половина вложени пари и за обработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма. Исто така, ќе се кофинансираат и производството на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Со ИПАРД 2 им се остава можност и на лицата што не се регистрирани земјоделци да дојдат до европските пари. Така, во новите сектори за кофинансирање, како што се производство и продажба на енергија произведена од обновливи извори, како и производство на неземјоделски производи, се остава простор и за физички лица кои се регистрирани како угостители или трговци-поединци. Се предвидува и кофинансирање обука и образовни центри за која било професија, хоби или самостојно развојна цел, спорт и рекреација, услуги за поддршка на образование, информатички центри, транспортни услуги, кина, локална радиодифузија и др. Правни лица, пак, кои може да земат пари се сите заинтересирани микро или мали претпријатија, задруги, земјоделски стопанства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close