fbpx
Вести

Доцни испораката на огревно дрво

Иако пред десетина дена започна грејната сезона, дел од граѓаните кои што порачале и платиле огревно дрво, се уште чекаат да им биде испорачано од Македонски шуми. Директорот на јавното претпријатие, Зоран Ѓорѓиев тврди дека за десетина дена огревното дрво целосно ќе биде испорачано кај домаќинствата.

„Доставата е 90 проценти завршена, останати се неколку подружници. Се надевам дека за седум до десет дена ќе бидат завршени“ изјави, Зоран Ѓорѓиев, Македонски шуми

Голем проблем за Македонски шуми е тоа што и покрај засилената контрола продолжува дивата сеча на дрва. Во неколку региони во државата нелегалното собирање на огревно дрво се случува масовно. Директорот вели дека формирани се повеќе мобилни екипи кои работат на терен за да ја спречат оваа појава.

Во моментот откривме најмногу во југозападниот дел, таму имаме познати сторители со кривични пријави, запленети се над 1.000 метри кубни огревно дрво. Штетата е огромна а тоа го оставаме на јавното обвинителство“ изјави, Зоран Ѓорѓиев, Македонски шуми

ЈП „Македонски шуми“ денеска потпиша Меморандум за соработка со Министерството за земјоделство и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со што ќе се изготви нова законска регулатива за правилно користење на шумски производи.


alsat-m.tv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close