fbpx
ВестиТоп вести

ЛАГ Агро Лидер во Могила организираше  презентација на можности за финансирање на фармите

 

Здружението за рурален развој ЛАГ АГРО Лидер Прилеп  започна со реализација на проектот „Подобрување на продуктивноста  и пазарниот успех на македонските фармери “. Настанот беше организиран во соработка со општина Могила за фармерите од Пелагонискиот регион.

„Настанот претставува  промоција на можностите за финансирање на фармерите , а воедно и организирање на средби „лице в лице“ помеѓу фармери и  финансиски консултанти, со цел да добијат повеќе информации за можностите за инвестирање , потенцијални донатори, можности за кредитирање, за да се мотивираат да вложуваат во осовременување на сточарското производство  за  зголемување на продуктивноста во нивната фарма се со цел да бидат поконкурентни на пазарот и да имаат поголем профит“, изјави за Зелена берза Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер Прилеп.

 

Организаторот на средбата смета дека најголемиот проблем кај фармерите  е недоволната информираност за достапноста на фондови, бенефитите  од воведување на нова опрема и нови методи во нивното производство и малата доза на скептицизам како да преминат од оној традиционален кон прогресивен начин на производство.

„Целта на ваквите средби  е да им укажеме на фармерите за  економската добивка која може да ја остварат преку мелекопроизводството и да им ги презентираме условите кои што при модернизација на производството ќе може да им го подобрат начниот на живот преку  зголемување на приносите на млеко,а со тоа и приходите .Целта ни е да ги охрабриме оние добри  фарми кои може да преминат од традиционално кон  модерно земјоделско производство на млеко, да им ги презентираме можностите како може да дојдат до средства за да го реализираат тоа“, вели Димче Дамјановски специјалист за агробизнис  вклучен преку проект на УСАИД  за развој на деловниот екосистем.

 

„За да можеме да го подобриме производството и да бидеме конкурентни на пазарот потребни се: поефтина нафта (зелена нафта), навреме исплата на субвенциите, повисока цена на млакото, организиран откуп на земјоделските производи“ посочува Драги Нечовски фармер од с. Лера.

Осовременувањето на фармите е посебен проблем  затоа што се потребни големи финансиски средства  што тешко може да се добијат од некоја финансиска институција  сметаат фармерите. Хипотеките  што ги бараат банките според нив се дополнителен проблем.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close