Наскоро ИПАРД 2 оглас
Во првата половина од ноември се очекува да биде објавен вториот ИПАРД 2 оглас. Мерките се однесуваат на инвестиции во земјоделски стопанства и во преработувачки капацитети. Помош за изготвување на апликациите земјоделците можат да добијат во центрите на агенцијата за развојот во земјоделството.
Наскоро се очекува да биде објавен вториот ИПАРД оглас, а земјоделците и преработувачите кои ќе аплицираат можат да добијат гранд од најмалку половина од трошоците за инвестицијата.
Стапката на кофинансирање може да се зголеми и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности.Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да склучат договор со платежната агенција.
Преку Ипард 2 фармерите ќе може да набават земјоделска механизација, опрема, да изградат нови или да ги осовременат постојните стопанства.
Преработувачите ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи и да градат објекти, според ЕУ стандардите.
ИПАРД 2 Програмата има на располагање околу 60 милиони евра на кои се додаваат и дополнителни средства од македонскиот буџет.
Од првиот оглас досега се склучени 920 договори во вредност од 15,8 милиони евра, од кои 12 милиони евра се европски средства.