fbpx
ВестиВино

Субвенциите за откупеното винско грозје до средината на февруари

Субвенциите од еден денар за откупен килограм винско грозје од годинашната берба, Владата ќе им ги исплати на лозарите најдоцна до средината на февруари 2019-та, односно до празникот Свети Трифун кога се закројува лозјето.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање од Панчо Минов рече дека во буџетот за наредната година се испланирани парите за лозарите. Секој што предал винско грозје за откуп до визбите има обврска најдоцна до 25 декември 2018 да достави апликација до Платежната агенција за финансиска поддршка во земјоделството за да биде субвенциониран.

-Ќе се трудиме пред Свети Трифун, кога се закројува лозјето и  кога им требаат парите на лозарите. Се работи за 80 милиони денари ако се 80 милиони килограми. Ги чекаме апликациите до 25 декември, и на почетокот на февруари ќе ги исплатиме парите. Планирани се во Буџетот кој е веќе проектиран за 2019 година, рече Заев.

На прашањето на Минов за долговите од винаријата „Повардарие“, Заев рече дека со заложба на Владата и особено, како што рече, на министерот за земјоделство,  долгот на „Повардарие“  од 5,5 милиони евра, за исплата се останати нето околу 200.000 евра.

-Значи 5,3 милиони се веќе исплатени. Знаејќи дека преку 500.000 евра имаат побарување по основ на субвенции за откупеното грозје од „Поварадарие“, ние до ден-денес остануваме на веќе создадената законска можност, тие пари да им ги исплатиме кога ќе дојдат нула обврски. Значи, и тие 200.000 евра да се исплатат. Остануваме посветени целосно за да се исчисти овој долг кон нашите граѓани производители на винско грозје кои го имаат како побарување од „Повардарие“, рече Заев.

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски одговарајќи на прашање на пратеникот Бетиан Китев рече дека ќе биде отворен граничниот премин Пуљевац кон Грција и дека за тоа придонес има градењето добрососедски односи. Идејата за тој граничен премин, рече, датира уште од средината на 1980-тите години. Од грчка страна уште во 1975 година бил изграден патот, но, како што рече, поради неподготвеност од наша страна, тоа се уште не е реализирано.

-Денеска доаѓаме на грдењето на добрососедските односи и во тој контекст го гледам и отворањето на граничниот премин Пуљевац. Според она што го имаме како сознание во МНР, остварени се веќе контакти со грчката страна, контакти меѓу општините Кавадарци и Едеса, и се разгледуваат можностите за отворање на тој граничен премин. Во овој момент тоа е актуелизирано и можам да тврдам дека ќе го отвориме. МНР, односно Владата, и понатаму ќе продолжи не само со отворање нови гранични премини, туку и со ревитализирање и реконструкција на постојните, рече Жерновски.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close