Испитувања за присуство на болеста бруцелоза од 15 март
Ветеринарните лекари од штипската ветеринарна клиника на 15 март излегуваат на терен. Во стадата на сточарите во карбинско ќе се земаат примероци на крв, за испитување на присуство на болеста бруцелоза.
Од 2007 година, од кога ние извршивме масовно вакцинирање на овците и козите на територија на Штип и Карбинци, од тој момент до денес ние немаме земено ниту една крвна проба, како би можеле да го одредиме статусот на животните за болеста бруцелоза” – вели Крсто Митев – директор на Ветеринарна клиника – Штип.
Оваа акција доаѓа по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство. По анализите од терен ќе се знае здравствениот статус на животните и дали има бруцелоза кај добитокот во штипско или не. Добиените резултати ќе им бидат и од корист на одгледувачите на овци и кози, кои лани побараа Агенцијата да ја укине забраната за движење на добитокот. Пред 8 години во штипско беше спроведена акција за вакцинирање на добитокот против бруцелоза – болест за која сточарите сметаат дека е искоренета.