Обично еден од најголемите проблеми на раноградинарските производители е моментот кога треба да се одлучат за избор на фолија за своите пластеници.
Обично секогаш се базираат на поефтина цена и времетраењето на фолијата .Купуваат фолија која е произведена во Германија Турција Франција Словенија и така натаму без да прашат за кое климатско подрачје е направена истата .Така на пример Фолија направена за Македонија со икс сончеви денови различен УВ фактор ,брзина на ветровите неможе да се користи во Нигерија на прмер каде сите климатски услови се дијаметрално спротивни од нашите ,ниту пак обратно .
Тоа е голема грешка зошто сведоци сме на големи климатски промени кои допринесуваат во многу сегменти посебно за производство на храна да мора да се вклучи науката.
Порано нашиот земјоделец во производството на земјоделски култури немаше толку голема потреба од употреба на разни хемикалии и додатоци во производниот процес.
Денес е готово незамисливо да се произведува без употреба на хемиски препарати и прихрана на почвата. А производството на раноградинарски култури на отворено може да се каже дека игра на среќа , готово секогаш се наоѓа некој фактор како премногу штетни инсекти, горење на плодовите, град и др.
Затоа во последната декада во производство на термофилна полиетиленска фолија се вклучени науката и техниката, агрономи, инженери, хемичари и др кои со додавање на адитиви во значителна мера го заштитуваат растението и допринесуваат за здрави и еднолични плодови.
1.Така адитивот ЛД (светлосен дифузер) ја распространува светлината и не дозволува сончевите зраци да одат дирекно на плодот и да прават изгоретини .
2.Адитивот ИР (инфра ред) ја апсорбираат радијацијата на инфра ред зраците и допринесуваат ноќните температури да се задржат и до 4 степени повисоки во споредба со фолијата која го нема тој адитив, а земјоделците многу добро знаат колку многу значи 4 степени повеке за време на ноќта.
3.Адитивот АД (анти дрип ) против капење на кондензираната вода која се појавува на фолијата се користи да се спречат капките кондензирани да паѓаат директно на растенијата и тие се лизгаат по површината на фолијата и се цедат на крај на кај олукот.
Доколку го нема тој адитив се намалува трансмисијата на сончеви зраци и од 15% до 30% а и спречува капење на ладната роса врз листовите кои се со повисока температура со што се намалува ризикот за појава на заболувања на листот.
4.Адитивот АФ ( анти фог против магла ), како би се спречила појавата на магла особено во раните утрински часови со изгревот на сонцето и касно на вечер со залезот на сонцето, развиен е систем против магла која е опасна, затоа што не дозволува сончевите зраци да дојдат до растението со што ја намалува температурата во пластеникот.
5 Адитивот ЕВА (гума ) е всушност фолија збогатена со додатоци на гума која дава еластичност трајност и заштита од временските неприлики.
6.Адитивот АБ (анти бактериски ) спречува појава на бактерии и ги штити растенијата од зарази.
7 Адитивот СР (сулфур резист) ја прави фолијата отпорна на хемикалии.Знаеме дека производството денес без упутреба на хемиски ѓубрива е незамисливо.Повеќето од губривата се направени на база на сулфур и при нивното користење доага до испарување на истите кои се најголеми уништувачи на фолијата. Значи со адитивот СР всушност не се штитат растенијата туку векот на траење на фолијата.
8.И најважниот адитив е УВ стабилизаторот кој дава стабилност на фолијата , тој ги одбива штетните УВ зрачења и допринесува на здрави растенија.
И на крај мораме да напоменаме дека еден од најголемите противници на тремофилната фолија е рѓата која се појавува на металната конструкција . За неа нема сеуште пронајдено адитиви па затоа се препорачува користење на поцинкувани цевки или пак цевките да бидат исфарбани по можност бели да не ги привлекуват сончевите зраци кои ја загреваат конструкцијата и допринесуваат на намалување на векот на траење на фолијата.
Да напоменеме дека термофилната фолија ТАПАН ПЛАСТИК ги содржи сите овие адитиви е правена за подрачјето на Југоисточна Европа и се стреми да биде партнер на земјоделците кои во последните години минуваат низ тежок период.
Атанас Дрварев
Грин хаус трејд претставник на ТАПАН пластик 075 362 770