fbpx
Вести

„Тутунски комбинат“ од Прилеп излегува од листата со загубари

„Тутунскиот комбинат“ од Прилеп излезе од друштвото на загубарите. Дознаваме дека финансиските резултати за лани покажуваат добивка. Првиот човек на комбинатот, Александар Дерменџиев потврди дека неофицијално работењето е во позитива.

tutunski kombinat od prilep izleguva od listata so zagubari

 

– Неофицијално, оти уште не сме ја донеле завршната сметка, Kомбинатот ја заврши годината со околу 100 илјади евра профит, консолидирано, во сите друштва заедно. Излегуваме од друштвото на загубарите. Тоа е огромен исчекор по дваесетина години негативни финансиски показатели. Тоа е резултат на ангажманот во компанијата и стратегиското партнерство со „Филип Морис“. Зеленото салдо отвора простор за преземање развојни ангажмани – изјави Дерменџиев.

Инаку, при крајот на откупната кампања на тутунот од ланската реколта, која официјално треба да се заврши до 15 март, комбинатот презел околу 2,5 милиона килограми тутун од кооперантите со просечна цена за нијанса пониска од просекот во земјава од 185 денари.

– Имаше релативно солидна берба во споредба со предминатата година, која беше рамна на елементарна непогода. Kвалитетот беше солиден. Не е ултра добар, меѓутоа беше редовен за нормална година. Специфика беше дека немаше доволно тутун. Тоа малку ја зголеми цената. Kомбинатот, имајќи предвид дека немаше доволно тутун на пазарот, не ги откупи договорените количества. Не сме незадоволни. Имаме договор за пласман на тутун на „Филип Морис“ и веќе се продадени тие количества. Ќе се испочитува договорот и нешто ќе остане за други купувачи – вели Дерменџиев.

Годинава комбинатот ќе претендира да откупи повеќе или околу три милиони килограми. Но, рак-рана е финансирањето, кое е ограничувачки фактор.

– Kолку да се има претстава, за откуп на три милиони тони тутун, се потребни девет милиони евра. Тие пари, мора да ги имаме и да ги платиме веднаш. А ќе ги наплатиме, откако ќе го преработиме, продадеме и ќе го наплатиме тутунот. Во идеални услови тоа е најмалку шест месеци. Во предност сме, оти имаме сигурен пласман со стратешкото партнерство. Веќе е продаден најголемиот дел од преземените количества – вели генералниот директор на комбинатот во Прилеп.

„Тутунскиот комбинат“ лани се ослободи од превработеноста. Над 500 работници заминаа доброволно од компанијата со социјален пакет од најмногу 15 илјади евра. Сега се ангажирани над 400 работници. Над 80 отсто од капиталот е во рацете на државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close