fbpx
Вести

Николовски: Склучени 8 договори за земјиштето од агрокомбинатот Џумајлија, за површина од околу 714 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потпиша договорите за огласите за државно земјоделско земјиште до и над 3 хектари во Светиниколскиот регион. За земјиштето од агрокомбинатот Џумајлија се склучија 8 договори за над 3 хектари, со вкупна површина од околу 714 хектари, седум од нив за едногодишни култури, а еден за оранжерии.

Со цел повеќе субјекти да дојдат до државно земјоделско земјиште наместо на 4 географски целини како досега, МЗШВ земјиштето го подели на блокови. Годинава се избегнува и процедурата околу дополнителните услови во однос на предвидената инвестиција и рокот на изведба со што се поедноставуваат условите за учество.

„Претходно земјиштето се објавувало како 4 географски целини, од кои што досега само за две географски целини се склучени договори.За прв пат, сега ова земјиште го поделивме во блокови, а целта е повеќе субјекти да дојдат до земјоделско земјиште и да склучат договори. За разлика од претходните огласи, кога имаше дополнителни услови во однос на предвидена инвестиција и со рокот за изведба на инвестицијата, сега во овој оглас не се предвидени дополнителни услуги, со што се релаксираат условите за учество“, изјави денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Ова плодно земјиште стои необработено цели 7 години, односно по раскинувањето на договорот со Џумајлија во 2011 година. Во 2013 година дел од земјиштето на агрокомбинатот му беше дадено под концесија на компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, „Сахара груп“, кој најави инвестиција во висина од 200 милиони евра, не ја реализира.

МЗШВ работи за транспарентна и неселективна поделба на државното земјоделско земјиште и заедно со подрачните единици е во постојана комуникација со заинтересираните странки. При тоа Николовски додаде дека сите мерки на МЗШВ во делот на земјишната политика се во насока, секој хектар обработливо земјиште ќе биде во рацете на вистинските земјоделци. Само годинава се објавија 8 огласи на кои беа понудени околу 8000 хектари. Во процедура е изготовка на инвестициски оглас за земјоделски површини низ цела Македонија, на коишто површини се очекуваат капитални инвестиции, како изградба на оранжерии, објекти за одгледување на добиток, за преработка на примарни сточарски производи, складирање, чување и пакување на примарни земјоделски производи , производство на вино и кланички капацитети. Николовски потенцираше дека во процедура е изготовка на инвестициски оглас за земјоделски површини низ цела Македонија , на коишто површини се очекуваат капитални инвестиции преку градба на оранжерии , објекти за одгледување на добиток , за преработка на примарни сточарски производи , складирање, чување и пакување на примарни земјоделски производи , производство на вино и кланични капацитети.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close