fbpx
Вести

Ниската цена на јаболкото ќе ги извади овоштарите на протести

Ниската цена на јаболкото може деновиве да ги извади револтираните овоштари на протести.

Велат дека тотално се во минус оваа година со работата, затоа што индустриското јаболко се продава за 1 денар по килограм, а трпезното за 7,8 или 10 денари, што исто така е нерентабилно. Додаваат дека имаат високи трошоци за производство, прскање, за плаќање на работна рака.

„Производствената цена е 10.5 денари, и луѓето се во минус. Оваа година имаме хиперпродукција на јаболко. Се разидоа побарувачката и производството. Луѓето се револтирани, оние кои живеат само од јаболко, а другите кои се вработени,  имаат економски излез. Вкупното производство се проценува дека е 135.000 тони, од кои 65.000 тони се трпезни јаболка, а другото е индустриско јаболко“, вели Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен.

Додава дека веќе има најави за одржување на протести. За споредба, лани поради мразот, цената беше повисока, а производството помало, и доволно за потребите на македонскиот пазар.

Лани цената беше солидна, се движеше над 20 денари по килограм, имаше околу 15.000 тони производство вкупно“, додава Пампулески.

Наведува дека од оваа гранка зависат околу 4000 овоштари, односно 4000 семејства.

Се надева дека за 15 дена ќе се стабилизира цената на јаболкото на 15 денари за да има некаква економска исплатливост. Бидејќи се доведени на раб на егзистенција, бараат и надлежните да им помогнат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство деновиве информираше дека континуирано ја следи состојбата на пазарот, воведува нови и интервентни мерки, со цел да овозможи подобри услови за работа за сите учесници во агро-секторот, вклучително и овоштарството.

„Поради временските непогоди оваа година забележана е поголема количина на индустриско јаболко, кое не може целосно да биде преработено во преработувачките капацитети. За регулирање на оваа состојба и постигнување рамнотежа на пазарот, МЗШВ подготви интервентна мерка која ќе биде дискутирана на следната владина седница и финализирана до крајот на оваа недела“, соопштија од МЗШВ.

Преку Програмата за рурален развој МЗШВ предвидува поддршка и за преработувачките капацитети, со цел да овозможи поголем простор за откуп на призводите и извоз од државата, наведуваат надлежните.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close