Во овој период се врши основното ѓубрење со комбинирани ѓубрива, по што
земјата се заорува на 18 – 20 см. Лозата има моќен, развиен коренов систем кој што
опфаќа голем обем на почва, што и овозможува полесно да се снабдува со потребните
хранливи материи од почвата. Исто така лозата има способност доста лесно да го
извлечи и да го искористи фосфорот од тешко растворливите фосфорни ѓубрива.Во текот
на овај месец се вадат лозичките од вкоренувалиштата, се складираат и се чуваат.
Доколку во младите лозови насади се утврди присуство на заболени од рак лозови
садници, потребно е да се откорнат и да се отстранат од насадот.