fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Синпекс им ги олеснува на земјоделците можностите за набавка на механизација

Како до полесно снaбдување со механизација? Синпекс им ги олеснува на земјоделците можностите за набавка на механизација.

 

Земјоделска механизација, се за домот и градината, градежна механизација моторни масла и мазива, вештачки ѓубрива. Сето ова на едно место може да се најде во Синпекс Битола. Компанија која е генерален застапник на производи од познати светски брендови за Македонија. Трактори и комбајни , приклучна механизација, опрема за фарми, шумарска градинарска и паркова механизација, машини за одржување на хигиена, опрема за домови и работилници, широка палета на градежна механизација  и др.

По завршувањето на есенската  и во пресрет на новата сезона за подготовка на земјоделските површини  Синпекс потсетува на можностите што им ги нуди на потрошувачите при набавка на производи од нејзината широка палета.

„Целата палета на производи во Синпекс Битола  може да се купат во готово, и на одложено плаќање. Досегашното искуство  од продажбата покажува дека потрошувачите  најчесто купуваат на одложено плаќање. Синпекс со цел да им излезе во престрет на своите клиенти со помош на неколку банки во државата им овозможи користење на неколку кредитни линии, информира за Зелена берза Константин Ташковски администратор во продавницата во Битола. Воведовме три кредитни линии. Соработуваме со Силк Роад банка, Стопанска банка АД Битола и Прокредит банка,“ додава Ташковски.

Синпекс во соработка со Силк Роад банка , нуди можност за набавка на сите производи од продажната палета со цен до 300 000 ден., на 48 рати, без камати и скриени трошоци. Основен услов е  апликантот да е вработен или пензионер. Од потребните документи што треба апликантите да ги обезбедат се: копија од лична карта, копија од последна платена сметка за струја и вода , потврда за плата на образец од Силк Роад банка. За вработени во приватни фирми покрај овие треба да се обезбедат и: копија од М1 М2 образец  и извод од трансакциска сметка. Пензионерите треба да се на возраст  до 70 години и  треба да обезбедат чек од пензија, копија од последна платена сметка за струја и вода, копија од лична карта. За производи над 300 000 ден може да се купува на одложено плаќање со 50% учество.

За користење на кредитна линија преку Прокредит банка потребно е да се исполнат и неколку предуслови: клиентот платата или пензијатада ја зема преку сметка во оваа банка,клиентот да има работно искуство мионимум 6 месеци кај ист работодавач или 1 година искуство во истата дејност. Се доставува лична карта, извод од сметка за плата, М1 и М2 образец, лични карти и потврди за плати од приходи на членови на семејството. Кредитот се одобрува со камата од 5% , а со отплата 5 години.

Доколку клиентот не ги исполнува предусловите за апликација не се продолжува понатаму со апликацијата.

Од Стопанска Ад Битола кредитна линија може да користат индивидуални земјоделци и семејни земјоделски стопанства. Исто така може да аплицираат и фирми со учество од 30%.

Лична карта, решение од МЗШВ дека ги исполнува условите за вршење на основна  дејност, потврда за упис во единствен регистар на земјоделски стопанства, договори за закуп или концесија за земјиште доколку има, имотен лист за сосптвеност на земјоделското земјиште, даночна декларација од УЈП, извод од трансакциска сметка за последните 12 месеци,  се документите што треба да ги обезбедат  индивидуалните земјоделци и семејните земјоделски стопанства.

Доколку станува збор за правно лице потребно е да се достави завршна сметка за последните две години, заклучен лист за последните  две години, тековна состојба од Централен регистар, заклучен лист  или бруто биланс со последен месец кој му претходи на барањето и со истиот тој месец од претходната година, листа на должници и доверители.

„Искуството покажува дека земјоделоците ги користат кредитните линии. Тие се над очекувањата и им одговара на земјоделците бидејќи не мора да плаќаат со живи пари. Тие ќе може да ги искористат за друга потреба. Кредитните линии се користат подеднакво и за ситната и за крупната земјоделска механизација. Она што е важно да се напомене е тоа што целата апликација ја средуваат вработените во Синпекс. Апликантите  потребните документи може да ги испратат по електронска пошта или пак карго, а во банката одат само за да се потпише договорот. Откако кредитот ќе се одобри и парите  се префрлени, Синпекс во рок од 5 дена ја испорачува робата на трошок на Синпекс,“ објаснува Ташковски вработен во Синпекс Битола.

Исто така Синпекс нуди купување  на роба на 12 или 24 рати за вработените во РЕК Битола, со задолжително учество од 25% од вредноста на производот над 300 000 денари.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close