fbpx
ВестиТоп вести

Градот јаболката, а цените на трговците ги уништуваат овоштарите

 

Градот ги отепа јаболката, а цените на трговците ги уништуваат овоштарите. Тогаш кога треба да прават пресмeтка на сработеното и да се радуваат на родот, овоштарите велат дека се уценувани  од  трговците. Несакајќи некој да си поигрува со нивното достоинство парите ќе одат за помош во лекувањето на Сара од Охрид.

 

 

 

 

Деновиве овоштарите од Преспа мака мачат со пласманот на јаболкото. Уште не се опоравиле од штетите од градот што ги зафати пролетоска , а сега на грбот имаат уште поголем проблем, пласманот на родот.Градот пролетоска ги отепа овошките, ама цените на трговците ги уништија овоштарите. Во редакцијата на Зелена берза стигнаа фотографии и видео како овоштарите, јаболката и покрај добриот квалитет  ги даваат за  индустриско,  по еден денар за килограм. Велат дека се уценувани од трговците.

 

Горан Талевски  од Бела Црква ресенско одгледува јаболка на повеќе од 5 хектари. Не сакајќи да гази некој по неговото достоинство одлучил парите од 20 тони  јаболка да ги даде во хуманитарни  цели.

 

„Годинава имам род во просек од 80 тони јаболка по хектар. 20 тони трпезно  јаболко одлучив да го „истурам“ за индустриско. Трговците не уценуваат. Ми понудија 4 ден/кг трпезно јаболко, а реалната цена е многу повисока. Не сакам да газат по моето достоинство. Затоа одлучив да го дадам како индустриско за еден денар за килограм. Пвеќе чини амбалажата, вреќите  чинат 5 ден. Одлучив парите да ги употребам во хуманитарни цели. Ќе ги донирам за потребите на лекувањето на Сара од Охрид“, вели  Талевски за Зелена берза.

 

Овоштарите велат за да не им пропадне родот приморани се јаболката да ги предадат по многу пониски цени од ралната цена. Покрај трошоците потребни да се рализираат сите потребни агротехнички мерки, тука се трошоците и за аргатите за берење на јаболката, а амбалажата пак е дополнителен трошок.

 

„Само за берење на јаболката  за 45 дена по илјада денари имв трошок“, вели Талевски.

 

Горан Талевски посочува дека по овоштарниците во ресенско седат над 3000т јаболка. Вели дека е доведена во прашање егзистенцијата на многу овоштари. На нивна сметка пак заработуваат трговците.  Тој смета дека институциите во државата треба да се позанимаваат со овој проблем.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close