Вести
Анѓушев: БДП мора да се огледа во растот на буџетот
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска во Струга за фактот дека е подготвен најголемиот буџет досега, одговори дека тоа е нормално.
“Буџетот е нормално да расте, буџетите на сите земји растат. БДП мора да се огледа и во растот на буџетот и ние немаме дилема дека сме на правиот пат”, вели тој.
За јавниот долг, додаде дека Македонија сега влегува во мирни води во однос на она што се случуваше претходните години.