fbpx
ВестиТоп вести

Окрупнувањето на земјоделските парцели значајни за развој на земјоделството

Намалување на трошоците за обработка на земјоделското земјиште, зголемување на приходот и профитабилноста по хектар обработена површина, се само дел од придобивките за индивидуалните земјоделци кои ги нуди проектот „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Окрупнувањето на земјоделските парцели, иако кај нас е новина, е редовна пракса во европските земји и е еден од наједноставните начини за стабилизација на земјоделското производство во приватниот сектор.

Самата земја добива доста на вредност, затоа што правилна, голема парцела која има пристап до потребната инфраструктура, наводнување или пристап до полски пат, во секој случај вреди повеќе отколку 10 парцели расцепкани низ полето-изјави Наташа Љубецкиј Ангелиќ, заменик тил лидер, проект MAINLAND

Земјоделците од Спанчево и Соколарци, како дел од избраните области, каде во моментов се одвива фазата на спроведување на Студии за изводливост, од страна на овластените геодетски фирми, сметаат дека ќе имаат низа бенефити од консолидацијата.

Вкупниот буџет  е 2,56 милиони евра, а се имплементира 3 и пол години, објавува Сител.

 

Сител

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close