Вести
ЗК Пелагонија донесе одлука за откуп на 1.000 сопствени акции
Одборот на директори на ЗК Пелагонија АД Битола на 08.03.2016 година донесе Одлука за стекнување на сопствени акции. Според одлуката се одобрува стекнување на 1.000 сопствени акции, по цена до 1.700 денари за една акција.
„Акциите, предмет на стекнување на Друштвото како сопствени акции се со номинална вредност од 70.21314 евра и преставуваат 0,005% од основната главнина на Друштвото. Стекнувањето на сопствените акции е со цел да се спречи сериозна штета што би можела да ја претпрпи Друштвото и акционерите заради падот на цената на акциите издадени од ЗК Пелагонија“, велат од Комбинатот.