fbpx
Вести

Земјоделците фрлаат јаболка, сливи и зелки бидејќи нема откуп, а Македонија од идната година ќе произведува ГМО храна

Земјоделците се жалат на слабиот откуп, а поради тоа фрлаат јаболка, зелка и сливи, а владата на СДСМ од идната година планира да произведува ГМО грана.

Од следната година ќе се дозволи производство на Генетски модифицирана храна во земјава. Агенцијата за храна најави измени на Законот за безбедност на храна во кој точно ќе се дефинира како храна која содржи, е составена или произведена од генетски модифицирани организми може да се пласира на пазарот. Откако ќе се донесе законот сите операторикои ќе одлучат да произведуваат ГМО храна ќе мора предходно да ги поминат строгите законски и подзаконски процедури на одобрување. Законот ќе дозволува праг на толеранција до 0,9 отсто и доколку содржи повеќе од тоа задолжително ќе мора да се декларира дека има Генетски модифицирани организми во неа, пренесува 24инфо.

Директорот на Агенцијата за храна Зоран Атанасов во интервју за 24 унфо, вели дека во моментов, врз основа на член 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ број 187/13) во Република Македонија е забрането производство, ставање во промет и увоз на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО, се до пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија.

– Меѓутоа, врз основа на светските економски трендови за слободно движење на безбедната и здрава храна, а со цел овозможување на подобри услови за македонските оператори со храна за трговска размена со другите земји со што ќе се обезбеди позитивен економски ефект за Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст на Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. Во моментот, текстот е на финално усогласување со Секретаријатот за законодавство, пред негово проследување до Влада на РМ- вели Атанасов.

Според него во измените на законот, предвидено е погоре наведената одредба за забрана на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО во Република Македонија да се избрише, со што ќе се дозволи производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на ГМО храна под строго одредени услови, пропишани во подзаконски акти, со кои ќе се обезбеди заштита на јавното здравје и животната средина. Ова ќе се овозможи со воведување на соодветни стандарди пред ставање во промет на ГМО храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.

– Измените на законот се всушност усогласувања со регулативите за безбедност на храна во Европа.Со Законот точно ќе се утврдат прописите за регистрација и одобрување за ГМО бидејќи истите се многу строги. За тоа се свесни и компаниите што сакаат да дојдат до таков производ. Кога аплицираат во Европската агенција за безбедност на храната, тие знаат низ какви долги процедури на испитување и истражување мора да поминат. Прагот, пак, на толеранција во ЕУ за генетска модификација на некој производ или организам е 0,9 отсто- вели Атанасов.

Според него практично се враќа стариот член во законот кој дозволуваше производство и влез на ГМО храна во Република Македонија.

– ГМО веќе не е табу тема. Постојано се дискутира за ова. Скоро секаде во светот ја има прифатено ГМО храната и јас не гледам причина зошто Македонија да не го направи тоа, посебно што нема научни докази дека е штетна по здравјето на луѓето. Сепак, право на потрошувачите е да изберат што ќе консумираат- вели Атанасов.

Првиот човек на Агенцијата објаснува дека при мониториг на храна откриено е присуство на ГМО во ориз од домашно потекло кој е поништен. При увоз се контролира секоја пратка со храна, а лабораториски е потврдено присуство на ГМО во пратка на пченка и во пратка на соини производи по што дадена е опција на увозниците пратките да се вратат или препратат.

На прашањето дали е намален увозот на небезбедна храна во земјава директорот вели дека во земјава не се увезува небезбедна храна.

– Се вршат контроли на храната при увоз и при промет во внатрешноста. Доколку при контролата при увоз се открие небезбедна храна истата се врака назад на место на потекло или се уништува- вели Атанасов.

 


 

kurir

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close