fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците интензивно  работат на есенската сеидба

Околу 70% од планираниоте површини во Пелагонискиот регион се посеани. Иако оптималните рокови одамна се надминати сепак земјоделците се обидуваат да ја завршат оваа операција, информираат од Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување на земјоделството и руралниот развој во Битола. Иако недостига влага, снегот што неодамна се задржа, само два дена  во пелагонискиот регион, колку толку им помогна на земјоделците полесно да ја завршат есенската сеидба. Добрите познавачи на состојбите  се оптимисти  и велат дека сепак жито ќе има.

„Работите се интензивирани. Влагата од последниот снег е добредојдена. Ова не е чудно. За веќе посеаната пченица немаше опасност од мрзнење.Температурата не беше многу ниска така што условите се добри за нејзино поникнување. Исто така условите се добри и може да се продолжи со сеидба“, вели Зоран Бардаковски Раководител на Регионалниот центар  на АПРЗ Битола.

Сушата си го направи своето така што данокот повторно ќе биде на грбот на земјоделците. Приморани се да ја зголемуваат сеидбената норма и да употребат 10% повеќе семе.

Некои ги интензивираат работите, а ги има и оние (каде што  земјата е многу сува) кои се откажуваат  од понатамошно сеење. Доколку вака се продолжи ќе се успее да се исполни предвидената норма.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close