fbpx
ВестиВино

Штипскиот Универзитет купува 1.000 шишиња „ректорско вино“

Штипскиот Универзитет “Гоце Делчев” купува “ректорско вино”. Универзитетот објави јавен оглас во кој бара да набави 1.000 шишиња, a проценетата вредност е околу 5.000 евра. Според тендерската документација, Универзитетот бара 500 шишиња бело вино (траминец или шардоне) со алкохол од 12% до 15%, спакувано во стаклена амбалажа од минимум 750 мл и уште исто толку црвено вино (вранец или мерлот). На етикетата треба да пишува “ректорско вино” и да бидат прикажани обележјата на Универзитетот.

shtipskiot univerzitet kupuva 1000 shishinja rektorsko vino

 

Ректорот на Универзитетот Блажо Боев вели дека виното го купуваат за да го даваат како подарок.

“Виното го даваме на странските гости како подарок кога ќе не посетат. Тоа е афирмација и на нашиот Универзитет и на нашето македонско вино во странство. Јас ректорското вино’ го наследив. И претходниот ректор на Универзитетот правеше вакви набавки. Исто така и Универзитетот во Скопје купува “ректорско вино”, вели ректорот Блажо Боев.

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице, кое е регистрирано за вршење на дејноста. Краен рок за поднесување на понудите е 24 март.

Во тендерската документација стои дека носителот на набавката е должен да го испорача виното во рок од 30 дена од нарачката на Универзитетот. Договорот за набавка на “ректорско вино” се склучува на една година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close