Тече рокот за аплицирање за финансиска поддршка за произведено и предадено грозје кај регистриран откупувач.
Финансиска поддршка од еден денар ќе добијат сите земјоделци кои произведеното грозје од сортите вранец и смедервка, го предале на регистриран капацитет на вино во Република Македонија.
Земјоделците кои ги исполнуваат условите барањата може да ги поднесуваат по електронски пат во Подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 25- ти декември годинава. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потрда за откупено грозје, издадена од страна на регистриран капацитет за производство на вино.
Р.З.Б.