fbpx
Вести

Почна откупот на јагне за католички Велигден

Почна откупот на јагне за католички Велигден. Оваа година одгледувачите од штипско ќе извезат помалку јагне на традиционалните пазари во Грција, Италија и Хрватска, до најмногу 20.000 јагниња или 10.000 помалку од лани.

pochna otkupot na jagne za katolichki veligden

 

Од откупната цена и годинава незадоволни се одгледувачите, кои велат дека се приморани да ги продаваат јагнињата и по овие цени.

Сточарите бараат реална цена на чинење, прифатлива за нив е 170 денари за килограм жива мера, за да ги покријат трошоците.

За католички Велигден од земјава ќе се извезат околу 150.000 јагниња. Од Здружението на одгледувачи на овци повторно ја потенцираат тешката состојба во која се наоѓаат поради наметнатиот монопол од кланичарите, за кои велат дека ја диктираат цената за откуп и поголем дел од профитот оди кај нив.

Бараат од надлежните да ја укинат забраната за извоз на живо јагне на пазарот и тврдат дека има интерес за пласман во повеќе земји.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close