fbpx
Вести

Македонска ракија прогласена за најдобра на Балканот

На фестивалот „Salines Spirit Fest“ кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина, премиум ракијата на „Бовин“ беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.

На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Стручното жири, кое ги дегустираше и оценуваше пијалоците беше составено од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители.

Посетителите, покрај пијалоци дегустираа и месо и сирења од земјите-учесници на саемот.


 

plusinfo.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close