На белградскиот „Салон на виното“ што се одржа во хотелот „Хајат“, Никола Кузмановски, енолог во ВВ „Тиквеш“ направи стручна презентација проследена со дегустација на осум вина на „Тиквеш“ со кои успешно беше претставена разновидноста на Македонија како вински регион.
На белградскиот „Салон на виното“ што се одржа во хотелот „Хајат“, винарската визба „Тиквеш“ се претстави со работилницата „Тиквеш – моќта на тероарот“. Оваа стручна презентација беше проследена со дегустација на осум вина на „Тиквеш“ со кои успешно беше претставена разновидноста на Македонија како вински регион, при што акцент беше ставен на микролокациите. За влијанието што на квалитетот на вината го имаат специфичните карактеристики на тероарот кои произлегуваат од климата, почвата и други аспекти, внимателно слушаа експерти од винската индустрија, сомелиери и вински новинари. Работилницата ја одржа Никола Кузмановски, енолог во ВВ „Тиквеш“.
Присутните дознаа повеќе за карактеристиките на тероарот, како и за строго контолираните процеси што овозможуваат тој тероар да се рефлектира во виното, одразувајќи го неговиот уникатен карактер, што претставува клучна компонента за оценка кај високо квалитетните вина. Кузмановски ги сподели тајните при објаснувањето на строго контролираните процеси, а во текот на презентацијата му се придружи и Звонко Херцег, соработник за едукација во новоотворената школа за вино на „Тиквеш“ – „Wine Educator“ во Скопје. Тој зборуваше за идните правци кон кои „Тиквеш“ го води македонскиот вински регион, поткрепено со искуства од светските вински региони како насоки на патот кон успехот.
Иако, учесниците можеа да ги запишат тајните што им беа откриени, сепак за производство на вино со идентичен квалитет со оној на вината на „Тиквеш“ е потребен специфичниот тероар, затоа што во него се состои нивната моќ.
Винарската визба „Тиквеш“ континуирано експериментира со нови сорти и микролокации што придонесува за поголем избор и можности за дефинирање на автентичноста на виното. Тоа е патот по кој се движи ВВ „Тиквеш“, покажувајќи одлични резултати од година во година.
За време на Салонот на виното во Белград беше дадена можност да се пробаат вината од Château de Gourdon, француската винарница што од неодамна е дел од „Тиквеш“, чии вина станаа дел од портфолиото и за оваа прилика беа специјално донесени за дегустација.