fbpx
Вести

Лоша состојбата на жените земјоделки од источниот регион

Љубица Џониќ патува 50 километри од дојранско Црничани до Струмица за да продава зеленчук на поголем и пофреквентен пазар. Условите овде не се завидни. Наводенета, по дожд и декемвриски студ се тутка под чадор за сонце. Но, барем има повеќе купувачи.

Какви што се условите на пазарот, слични се и во земјоделието за жените, вели Љубица. Таа е жена – фармер, и постојано е во борба за подобар статус на руралната жена, која нема ниту сопствен имот, ниту исполнува услови за конкурирање за програмите за рурален развој, како и Ипард фондовите.

Жените на село се комплетно зависни од семејствата. Тие немаат ниту средства, ниту можност самите да се водачи на агро-бизнис. Ваква е проценката на Борче Јанев од здружението Проагро фармери. Тие помагаат на земјоделците да аплицираат во програмите на државата и Европската Унија, но жените речиси и да не се вклучени, од многу причини.

Во Југоистокот е многу мал бројот на регистрирани жени земјоделки. Причината е долгогодишната лоша сосотојба во земјоделието, но и масовното селење на младите од руралните средини и напуштањето на нивите.


 

telma

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close