fbpx
ВестиСовети

Правилно користење на AdBlueагенсот – што треба да знаете?

Пакувањето, температурата и опремата се најважни елементи во складирањето на AdBlueрастворот.

AdBlueе 32,5% раствор на уреа, односно агенс за редукција на штетните издувни гасови, според SCR (Selective Catalytic Reduction – селективна каталитичка редукција) технологијата. Земјоделската механизација, мотори со оваа технологија започнала да користи во првите децении на овој век, со што е намалена и потрошувачката на гориво. Се додава во посебен резервоар и треба да се дополни по потреба. Преточувањето, но и складирањето на AdBlueрастворот бара соодветен и сигурен простор.

Кое е најдобро пакување за AdBlue?

Кога купувате AdBlue, најчесто се наоѓа во запечатено пакување, кое потребно е правилно да го затворите после употребата. Зависно од количината која ви е потребна, може да се достави и во туби или специјални контејнери. Доколку овој раствор го користите минимално, најдобро е да го чувате во соодветни буриња, но не подолго од 12 месеци, пишува Farmers Guardian. Водете сметка за начинот на складирање на AdBlue, затоа што не може да се користи ако дојде во контакт со вода или некоја друга материја, односно ако се разреди.

Која температура е најдобра за чување на агенсот AdBlue?

Максималната температура за чување на овој раствор е30°C, заштитен од директна сончева светлина. Замрзнувањето е можно на – 11°C, така што важно е во складиштето температурата да не падне под ова ниво. Сепак, ако се случи да замрзне, повторно може да се користи, кога ќе се одмрзне и кога ќе се врати во претходната состојба. Доколку температурата „скокне“ над 30 °C, ќе дојде до разложување. Потребно е амбалажата да ја разладите со вода, но на тој начин што нема да дојде во контакт со содржината.

Одредени серии од овие производители имаат CSR систем: McCormick, Massey Ferguson, Valtra, Fendt, Case, John Deere, Clas, Deutz.

Постојат ли посебни барања за ракување со AdBlueрастворот?

Многу е важно, опремата која ја користите за претурвање на агенсот, да биде наменета исклучиво за него – амбалажата, цревата, пумпата, садовите. Се друго може негативно да влијае на квалитетот, но и да предизвика оштетување на возилото. Кога ја чистите опремата, користете дестилирана вода. Спречете каков било облик на прашина или нечистотија. Опремата, чувајте ја на рамна, непропустлива подлога, изолирана од влага.

Доколку се ова се испочитува, AdBlue, можете да го чувате до една година, а за подолго, важно е да го анализирате самиот раствор, како би дознале дали и понатаму има ист квалитет. Не мора да се плашите, доколку растворот ви помине по рацете, затоа што не е отровен. Само измијте ги со вода. Ракавици носете само доколку имате осетлива кожа.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close