fbpx
Вести

Забрана за увоз на српски малини заразени со вирус и турски пиперки со пестициди

Вирусно заразени малини од Србија, остатоци од пестициди во пиперки од Турција, афлатоксини во фастаци од Америка, сулфити во суви кајсии од Турција, салмонела во кикиритки од Kина. Агенцијата за храна донесе забрана за увоз на овие производи и дополнителни контроли на граничните премини. Овошјето и зеленчукот кои се на списокот на Агенцијата се само дел од производите на кои инспекторите мора да внимаваат при увоз во земјава. Истите, наместо хранливи материи, во својот состав имаат отрови и болести.

zabrana za uvoz na srpski malini zarazeni so virus i turski piperki so pesticidi

 

Според Агенцијата за храна, досега нема увезено ниту една сомнителна пратка од листата. Редовните контроли кај овие пратки што влегуваат од увоз од наведените држави се зголемени неколкукратно. Според Агенцијата, точно се знае каде треба да се внимава и колку контроли треба да се прават за да не се повтори нова афера од типот афлатоксин во млеко, олово во пченка или отровни средства за заштита во зеленчукот.

Европа предупредува

Во Агенцијата за храна велат дека ова решение за посебен режим на увоз не е ништо ново и се обновува секои три месеци.

– Ако во одредена храна увезена во ЕУ се откријат недозволени опасни материи, преку посебен систем се предупредуваат сите држави да внимаваат на пратките што доаѓаат оттаму. Токму затоа е донесено и ова решение. Тоа постојано се дополнува со нови производи, во кои е откриена некоја недозволена материја. Во овој случај тоа се пиперки од Турција, чили од Индија, морско оревче од истата земја. Kај некои од нив има најдено афлатоксин над дозволената граница, кај други салмонела или остатоци од пестициди. Затоа ЕУ ги предупредува другите земји дека постои опасност од такво нешто – изјави неодамна Абдулезел Догани, заменик на директорот на Агенцијата за храна.

Според него, секоја пратка на производите кои се со решение за посебен увоз мора да содржи здравствен сертификат од анализи во матичната држава.

– Но и покрај тоа, кај секоја петта, педесетта или дваесетта од нив се земаат мостри и се проверува дали сертификатот е во ред или не. Kај нас досега нема увоз на загадени производи од листата. Се што е увезено има сертификат, но и нашите контроли не покажуваат ништо. Значи, храната е безбедна – вели вториот човек во Агенцијата.

Според решението, кое е веќе излезено во „Службен весник“, на посебен режим е дел од храната за животни.

Kанцерогени материи

Според пишувањата на странските медиуми, може да се заклучи дека на светските пазари циркулираат опасни продукти, зачинети со тешки метали, пестициди, болести и бактерии. Токму поради ова, Европската Унија преку РАССФ-системот за брзо предупредување редовно ги предупредува земјите-членки да вршат засилена контрола при увозот на храна, која претставува позната или заканувачка опасност. На листата, освен гореспоменатите држави, се и Бразил, Индија, Египет, Индонезија, Мароко, Турција, Австралија и соседна Србија.

Според решението донесено од Агенцијата за храна, треба да се контролираат и чилито од Турција, бадемите од Австралија, кинеската зелка од Kамбоџа, гравот од Тајланд. На решението се педесетина производи наменети за човечка и исхрана на животни и во нив, освен отрови, има и вируси и бактерии. Светските нутриционисти предупредуваат дека пестицидите и хербицидите со тешките метали се отрови што предизвикуваат тешки оштетувања на црниот дроб и бубрезите и оти ако долго се користи ваква храна, последиците многу често се фатални.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close