Зелените пазарчиња во 2019-та ќе останат празни!
Со новиот Закон за трговија на зелените пазари кој стапува на сила од 1 јанури ќе се намали за 30 отсто бројот на лицата кои закупуваат тезги, како и прометот на истите доколку истиот не се одложи за да се допрецизира, смета Стопанската комора на Македонија.
Пд таму велат дека нема доволно време да се имплементираат подзаконските акти, а условите за поседување на лиценцата за вршење дејност се недоволно јасни.
Барањето за одложување на законот од комората минатата недела официјално е доставено до министерот за економија Крешник Бектеши, но се уште немаат добиено одговор во комората.
– Додека не бидат направени измените законот реално не може да функционира онака како што е сега поставен поради што сметаме дека треба да биде одложен за некое време, рече Даниела Михајловска Василевска на деншната прес-конференција.
Сп новиот закон тезга не можат да закупат трговците поединци, како и лицата кои остваруваат доход по основ на работен однос, пензија и преку договор на дело. Легитимацијата не може да се пренесе на член на потесното семејство доколку од објективни причини биде спречен да ја врши дејноста, а со истата не може да се закупат ниту повеќе тезги на ист пазар во иста општина.
Во Македонија има од 20 до 25 илјади закупци на тезги на пазарите, а со новиот закон тие треба да си плаќаат придонеси и на тој начин да го остварат правото на пензија и социјално осигурување.