fbpx
ВестиТоп вести

И земјоделците имаат обврска да се регистрираат електронски во системот е-даноци

 

Една од новините во Законот за персоналн закон е  начинот на пресметување на данокот. Земјоделците ќе треба да се регистрираат  електронски за да ги следат приходите и платениот данок. Со цел земјоделците да бидат повеќе информирани УЈП РД Битола беше присутна на панел дискусијата  „Агро бизнис муабети“.

„УЈП е присутна тука со цел да ги информира за последните измени за законот за персонален данок  на доход. Тие се состојат во тоа што се менува  концептот на пријавување и плаќање  на данок. Земјоделците  ќе немаат обврска да  понесат хартиено барање во месец јануари за остверените приходи, туку исплатителите им ги исплаќаат приходите , воедно го плаќаат и данокот.  Земјоделците што имаат приход  до милион денари може да го користат овој начин на паушално плаќање на данокот, а  над милион денари  годишен приход имаат обврска да се регистрираат во една од формите за трговски друштва. Исто така тие кои што оствариле приходи исклучиво од земјоделск дејност ќе имаат можност и право да го вратат данокот назад,  меѓутоа само ако имат приходи од земјоделие. Ако имаат дополнително плата, хонорари, пензија и др. приходи, тие ќе немаат право. Се признаваат само тие кои што се остварени од продажба на земјоделски производи“, објаснува  м – р Злате Муневски даночен советник во УЈП РД Битола.

 

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close