fbpx
ВестиТоп вести

Само промена на зaконската регулатива  може да ги убеди земјоделците да се здружуваат

Во моментот во Р Македонија има регистрирано 41 задруга според Законот за земјоделски задруги од 2013 година. Во овие задруги зачленети се земјоделоци од различни дејности, но најмногу ги има овоштарите и производителите на градинарски култури, потоа пчеларите, а од останатите дејности бројот е помал, информира Менде Ивановски претседател на „Македонска асоцијција на земјоделски задруги“.

„Земјоделците во Р. Македонија вакви како што се, раситнети, мора да се  здружуваат за да  добијат поголем економски бенефит. Ние како земјоделци, сме ситни, а  искуствата од европските држави покажуваат дека само здружени ќе можеме да дојдеме до поголми економски бенефити“, вели Ивановски.

Кај земјоделците постои интерес за здружување, но не се одлучуваат на здружување заради проблеми во законската регулатива. Ова го покажуваат показателите од анализата кај регистрираните  задруги направена од страна на ЕУ. Земјоделците укажуваат на забелешки поврзани во Законот за земјоделски задруги, забелешки поврзни со оданочувањето, Законот за работни односи. Се интересираат што ќе се случи со задругата доколку оди под стечај, како би се делел имотот и др.

Како што вели Ивановски постојат многу прашања што земјоделците сакаат да бидат решени, на што работи работна група, составена од земјоделци, пратеници и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Р Македонија.

„ Работиме на промена на законот за земјоделски задруги , има рботна група која е во тек и има изработно амандмани  со цел да се надминат сите проблеми. Крајната верзија  на законот би требало да се финализира до месец март идната година, по што ќе следува интензивна кампања низ цела држава“, вели  првиот човек на „Македонската асоцијација на земјоделски задруги“. Преку информативната кампања би требало да се разјаснат сите дилеми кои ги мачат земјоделците. Искуствата од државите во ЕУ покажуваат дека со здружувањето се зголемува економскиот бенефит, но засега земјоделците сеуште се скептици.

Економското здружување на земјоделците се најде и во панел дискусијата „Агро бизнис муабети“ што ја организира ЗЕЗ Зелена берза.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close