fbpx
Вести

Овоштарите извршуваат зимска заштита

Со малото стабилизирање на времето вчерашниот и денешниот ден земјоделците интензивно го користат за заштита на овоштарниците со праски  и тоа против кадравост на лисјата на праските и гниење на плодовите.

ovoshtarite izvrshuvaat zimska zashtita

 

Во овој период на цветање на праските  е оптималниот период за заштита на овошките вели Драганчо Николов од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.  Неговите согледувања директно од терен особено во росоманскиот регион  покажуваат дека овоштарите прават се за да ги заштитат  своите насади  и третираат со средства против мрзнење.

Имајќи ги во предвид предвидувањата на метеоролозите дека овие денови се очекува повторно спуштање на ноќните температури во Тиквешијата под нулата  овоштарите  го применуваат целото свое знање  понудата која ја имаат во земјоделските аптеки да го заштитат родот. Ова особено е важно што годинава вегетацијата  според проценките на стручњаците од аграрот е 20 дена порано со што и се зголемува периодот кога многу е лесно да се случи мрзнење на родните папки.

Стравувањата на  нашите овоштари ќе траат некаде до крајот на првата декада од април кога  најчесто и се случувале најголемите мрзнења односно околу христијанскиот празник Благовец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close