fbpx
Вести

ЗАВРШИ ЕСЕНСКАТА СЕИДБА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ГРЧ – ДАЛИ СУШАТА ЌЕ ГО ИЗЕДЕ РОДОТ И ТРУДОТ?

Есенската сеидба заврши, ама периодот без врнежи ќе ги изеде приносите. Земјоделците велат дека чекајќи дожд  ги пропуштиле сите оптимални рокови, а сеидбата што ги чинеше и поскапо поради зголемените количини за семенски материјал ја завршиле набрзина и без да ги почитуваат сите агротехнички мерки. Тоа според нив ќе ги намали приносите од 60 до 70 проценти кај есенските култури- јачменот и пченицата. Сега се молат она што ќе никне да не го изеде мразот, а лошиот почеток може делумно да го спасат пролетните дождови.

„Тоа ни е последна надеж, само добри количини на пролетни врнежи, може да се поправи ситуацијата. Да се изврши жетвата, а колкави ќе  бидат приносите, не се знае.“ – вели Ефтим Шаклев, Асоцијација на замјоделци.

Препорака на земјоделците е на пролет да се сеаат и садат култури што бараат помалку вода, но велат дека тешко може да се предвиди кон кој култури треба да се ориентираат производителите бидејќи поради климатските промени не може да се одреди каква ќе биде годината.

„Се што знаевме досега, од искуството мора да има промени, а тоа е тешко да се предвиди.“ – вели Шаклев.

Инаку во државата, според статистиката на Здрженијата, есенски култури се сеат на околу 120.000 хектари. Од нив најголемиот дел или околу 85 000 хектари отпаѓаат на пченицата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close