Во слава на виното и винската култура денес за прв пат во Битола, во холот на НУ Народен театар Битола се организира „БоемскиВински салон“. На ова прво издание планирано е да се претстават преку 20 производители со 100 етикети на вино, кои ќе бидат дегустирани од голем број на посетители, меќу кои љубители на вино, претставници на институции, сопственици на ресторани, конзулатите присутни во градот и членовите на Слоу Фуд.
„Салонот има за цел презентација и промоција на малите производители на вино, нивните вински приказни, дегустација на вина направени со страст. На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион да едуцираме за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и животната средина“, велат организаторите.
Организатор на настанот е конвивиумот „Слоу Фуд Битола, со поддршка на Општина Новаци и повеќе јавни претпријатија од Битола.
П.Ј.